Ограбено семејството Еклстоун, им украле накит вреден 50 милиони долари

Непознати лица успеале да украдат накит вреден околу 45 милиони евра од вилата на Тамара Еклстоун, ќерка на познатиот поранешен шеф на Формула 1, Берни Еклстоун.

Додека таа со нејзиниот сопруг и ќерка отпатувале за Финска, тројца арамии успеале да го надмудрат 24 часовното обезбедување и да изнесат од вилата огромно богатство, пишуваат странските медиуми.

Грабежот се случил во петокот вечерта, само неколку часа откако Тамара со сопругот и ќерката излегле од нивниот дом во западен Лондон.

„Станува збор тројца лица кои успеале да се прекачат преку оградата и да влезат во градината. Потоа проваиле во вилата и чудно не биле забележани од обезбедувањето. Куќата е под 24 часа безбедносен надзор, а некои од лицата од обезбедување биле и внатре. Арамиите побегнале преку прозор“, вели извор близок до семејството.

Крадците успеале да украдат преку 50 милиони долари вреден накит од домот на познатата ријалити ѕвезда. Меѓу вредните работи имало и работи кои Тамара го добила како свадбен подарок од нејзиниот сопруг.

 

Scroll to Top