Сафирот под името „Ѕвездата Џоли“ е наречен според холивудската актерка и се наоѓа на огрлицата, чија вредност е проценета на пет милиони долари.
Огрлицата исто така се состои од 70 црни сафири, кои заедно имаат 104,4 карати. Тука е и ланецот од 18 каратно злато.
Сафирот во облик на крушка не е изложен на загревање или било кој друг на метод на обработка и не се знае од каде потекнува.
Огрлицата е производ со соработка на Анџелина Џоли со златарот Роберт Прокоп. Уште во 2009 година, таа и Бред Пит ја започнаа соработката со него. Сафирот на новата оглрица го има најголемиот црн ѕвездест сафир и има 888,88 карати.
Огрлицата на крајот на октомври ќе биде изложена во „South Coast Plaza Saks Fifth Avenue“ во Калифорнија.
Соработката меѓу Анџелина Џоли и Пркоп е од хуманитарен тип, а дел од заработката од продажбата на накитот под името на актерката ќе биде дониран.
Најголемиот сафир на светот се нарекува Ѕвезда Адамова, и има 1.404.40 карати. Вредноста му е проценета на 100 милиони долари.
Joalheiro #RobertProcop lançará novas joias da coleção #StyleOfJolie: https://t.co/aqpfU5F8js#AngelinaJolie #StarOfJolie #Jewels #Joias pic.twitter.com/tNIKgdLdaU
— Fãsde Angelina Jolie (@Fas_de_Angie) 4 October 2017
Пронајден е во Ратнапури во јужна Шри Ланка, во август 2015 година.