Оливија Њутн Џон и третпат го победи ракот

Оливија Њутн Џон (73), ѕвездата на „Брилијантин“, пред четири години потврди дека трет пат ѝ откриле тумор, овој пат на ‘рбетот. Таа сега вели дека успеала да го победи туморот и конечно се чувствува добро. Освен со радиотерапија, Оливија се лекувала и со природни методи, а цело време додека траело лекувањето се трудела да остане оптимист.

„Бев сигурна дека и третпат ќе ја победам болеста. Ми помогнаа медитацијата, времето што го поминував во природа и позитивниот дух“, вели австралиската пејачка и глумица во интервју за NHK World Japan.

Во интервјуто таа зборува за трите дијагнози и борбата со ракот. Рак на дојката првпат ѝ бил дијагностициран во 1992 година. Вторпат имала тумор на рамото, пред девет години, а третиот е тумор на ‘рбетот.

Популарната глумица одлучи да ги искористи својата слава, пари и влијание за да го основа „Центарот за истражување на ракот Велнес и Оливија Њутн-Џон“ во Мелбурн кој има над 200 клинички испитувања во тек и бара лек за болеста.

Оливија сепак, овен традиционалните лекови, верува и во холистички пристап кон здравјето и животот, односно дека се лекува човекот, а не болеста. Нејзиниот сопруг Џон е експерт за билни додатоци, оти со години ги истражува џунглите во амазонската прашума.

Scroll to Top