Американската водителка Опра Винфри и актерот Двејн Џонсон најавија дека преку нивниот фонд ќе инвестираат 10 милиони долари за да им помогнат на луѓето на хавајскиот остров Мауи кои не можат да се вратат во своите домови поради неодамнешните шумски пожари.
„Народниот фонд Мауи“ ќе дава 1.200 долари месечно на возрасните кои не можат да се вратат во своите домови.
Фондот ќе бара и донации за да може подолго време да им плаќа помош на луѓето.
Опра и Џонсон се надеваат дека фондот ќе може да им помогне на Хавајците најмалку во следните шест месеци.
Најмалку 115 луѓе загинаа во разорните шумски пожари на Мауи.Најмоќната ѓена во медиумите, Опра, има голем имот на Мауи.