Опра Винфри изминатите денови уживаше во Дубровник, а вчера пристигна во Црна Гора. Познатата американска водителка со пријателите стигнала во Црна Гора со луксузната јахта на италијанскиот бизнисмен Џанкарло Џамети, а во нивно друштво се и модната дизајнерка Дајан вон Фустеберг и новинарката Гејл Кинг. Винфри на Инстаграм објави фотографија и видео од островче кое се наоѓа во близина на Пераст.
„Се разбудив за да го видам изгрејсонцето на ново место. Поздрав Црна Гора“, напиша Опра на Инстаграм.