Опра Винфри потроши 90 милиони долари за имот на раскошен остров

By

Опра Винфри (64) купила раскошен имот на остров, а нејзините пријатели и луѓе што ќе сакаат да се видат со неа, ќе мора да користат ферибот за да стигнат до вилата! За овој имот Опра платила огромна сума пари. Популарната водителка ова место го избрала за свој мал приватен рај.

Американската ѕвезда купила луксузен имот од 43 хектари на остров североисточно од градот Сиетл. За ваквиот раскош и рајски мир, Опра потрошила нешто повеќе од 85 милиони долари, а имотот се состои од главна куќа, куќа за гости, работилница, сауна и градина.

Главната куќа има три ката, а се состои од четири спални соби и три бањи. Гостинската куќа исто така е четирисобна и има три бањи, но е со значително помала квадратура во однос на вилата во која ќе престојува Опра.

Извори блиски до Опра велат дека водителката никогаш лично не го посетила островот за имотот да го види во живо, туку, едноставно, одлучила да ризикува. Засега не е познато дали на ова место таа планира да живее или само повремено ќе ужива во овој рај.

Овој остров е познат како одлична точка за набљудување на китот убиец.

Вилата на Опра Винфри во Калифорнија е една од најскапите, а нејзината вредност се проценува од 85 до 90 милиони долари.

За тоа како изгледа можете да видите на следниот линк:

 

Ќе ви се допадне