Организаторите на „Оскарите“ заборавија да му оддадат почест на Боб Сагет, реагираа фановите на починатиот актер

Славниот американски комичар Боб Саџет кој умре пред три месеци беше изоставен од присеќавањата на починатите колеги на синоќешното доделување на Оскарите. Тоа предизвика бес во јавноста која смета дека тоа е непочитување кон Сагет.

„Сериозно, зошто Боб не беше во мемоарите. Откажете ги Оскарите затоа што не го спомнавте Боб Сагет“, биле само некои од коментарите на фановите.

Годинава присеќавањата на Оскарите беа доста емотивни. Холивуд го напуштија доста ѕвезди меѓу кои и Сидни Поатје, првиот црн добитник на Оскарите за најдобар глумец, кој почина на 94 години. Неговата кариера траеше 71 година и зад себе остави голем број филмски остварувања.

Најмногу беше познат по A Raistin in the Sun и Uptown Saturday Night. Ѕвездата од серијата „Златни девојки“, Бети Вајт исто така почина на крајот на 2021 година, неколку дена пред нејзиниот 100 роденден.

За потсетување, ѕвездата од Сагет беше најден мртов во хотелска соба во јануари. Имаше 65 години, а првата статуетка која ја имал освоено е студентскиот Оскар во 1977 година за неговиот црно-бел документарец „Низ очите на Адам“.

 

 

 

Scroll to Top