Орландо Блум не сака да се венча со Кети Пери заради предбрачниот договор, не сака да ѝ исплати милион долари ако ја изневери

By

Глумецот Орландо Блум не сака да се венча со неговата партнерка, пејачката Кети Пери поради предбрачниот договор. Според светските таблоиди, во договорот постојат неколку клаузули кои му сметаат на глумецот.

Пејачката Кети Пери бара од нејзиниот партнер Орландо Блум, да потпише предбрачен договор, во кој тој ќе се обврзе да ѝ исплати милион долари, во случај да ја напушти или пак изневери.

Двојката на крајот на август годинава, го добија своето прво девојче Дејзи Дов Блум. Двајцата велат дека уживаат во родителството и заедно поминатите моменти, но сè уште се немаат венчано, поради несогласувањата околу предбрачниот договор.

Магазинот Life&Style пишува дека двајцата направиле предбрачен договор во висина од 335 милиони долари, но истиот има спорни клаузули околу кои не можат да се согасат. Кети инсистира Орландо да и плати милион долари, ако тој одлучи да ја напушти или изневери.

Поради наведеното, глумецот се предомислува околу потпишувањето на предбрачниот договор, па според извор близок до двајцата, двајцата сè уште размислуваат дали да се венчаат.

Орландо и Кети се во врска уште од 2016 година, а се верија во февруари оваа година.

Ќе ви се допадне