Оскаровецот Куба Гудинг призна дека сексуално вознемирувал жена во ноќен клуб на Менхетн

Оскаровец Куба Гудинг Јуниор пред судот во Њујорк призна дека сексуално злоставувал жена во ноќен клуб на Менхетен. Тој се договорил со судот да признае вина и да помогне во разрешување други случаи со сексуално злоставување, па нема да оди во затвор, пишува „Пејџ сикс“.

Глумецот беше обвинет за шест различни дела за сексуално вознемирување и недозволено допирање, но во судот беше обвинет само за една точка, а тоа е незаконско бакнување и насилно допирање жена во ноќен клуб во 2018 година. Договорот за признавање вина му дозволува на Гудинг Џуниор да продолжи да работи и нема да оди во затвор, но ќе мора да оди на лекување поради злоупотреба на алкохол, соопшти окружното обвинителство на Менхетен. Ако се придржува до договорот, казната ќе му биде намалена во рок од шест месеци и ќе биде регистриран како едноставен, неказнет прекршок.

„Целосно веруваме и ја признаваме работата на сите во овој случај. Им благодариме и на сите жени и други сведоци кои соработуваа за да ни помогнат во истрагата“, рече Колин Балберт, кога актерот се појави во судницата.

Во долготрајната кривична постапка Куба Гудинг Јуниор се товари за злоставување три жени меѓу 2018 и 2019 година, а тој призна вина три години откако беше уапсен. Жената тогаш тврдеше дека без нејзина согласност ја фатил за градите во клубот Magic Hour Rooftop Bar & Lounge во близина на Тајмс Сквер. Неколку месеци подоцна, се појавија повеќе жени кои го обвинија за злоставување. До средината на август 2020 година, 30 жени го обвинија глумецот за несоодветно, недозволено допирање, а една го обвини и за силување во хотелска соба во 2013 година.

Наводно, анонимна жена го запознала актерот во август 2013 година во салонот на хотелот „Мерсер“, по што Гудинг ја поканил во неговата соба за да се пресоблече пред да заминат во друг клуб. Таа се согласила, а кога влегле во собата, Гудинг се соблекол и го попречил патот и двапати ја силувал, стоеше во обвинението.

Scroll to Top