Оскаровецот Пол Хагис обвинет за силување

Канадскиот режисер и сценарист Пол Хагис е уапсен во Италија поради обвинувања дека силувал жена. Досега службите не го открија идентитетот на жената што го пријавила.

Таа тврди дека Хагис ја силивал во хотелска соба, каде што ја држел два дена во заложништво. Тој се иживувал над неа, а за тоа време неколкупати и сексуално ја малтретирал.

Италијанските медиуми го пренесоа скандалот и напишаа дека режисерерот на крајот ја ослободил и ја оставил на аеродром. Таа потоа повикала полиција и им ги раскажала сите детали.

Медиумите пренесоа дека Пол повеќепати ја силувал жената и дека ѝ нанел тешки повреди, а потоа ја однел на аеродром за да ја испрати надвор од Италија.

На аеродромот тие почнале да се расправаат, а кога тој си заминал, таа повикала полиција. Поради повредите, таа сега се наоѓа во болница, а Пол е задржан во полиција. Неговата адвокатка излезе со соопштение.

„Убедена сум дека сите обвиненија против Хагис ќе бидат отфрлени. Тој е нивин и подготвен да соработува со властите за вистината излезе на виделина“, е наведено во соопштението.

Ова не е првпат Пол Хагис да се соочи со вакви обвинувања. Во 2013 година една жена тврдела дека ја силувал во нејзиниот стан во Њујорк. Потоа го пријавиле уште три жени.

За потсетување, Пол Хагис е добитник на „Оскар“ за филмот „Судир“ од 2006 година и за сценариото на филмот „Девојка од милион долари“. Познат е по остварувањата „Казино ројал“ и „Писма со Иво Џим“.

Scroll to Top