Филмското студио „Дизни“ ќе го снима шестиот дел од серијалот „Пиратите од Карибите“, па тие сакаат Џони Деп повторно да ја игра главната улога, иако го отпуштија пред неколку години. Од студиото пред неколку дена најавија дека ќе се снима нов филм за капетанот Џек Спероу и дека таа улога не може да ја одигра никој подобро од Деп.
Деп доби отказ од студиото „Дизни“ откако во јавноста беа објавени детали од неговиот развод со актерката Амбер Херд, односно откако таа го обвини дека ја тепал. Но, сега главните луѓе од студиото наводно „го молат глумецот ја прифати улогата“, пишуваат американските медиуми. Тие решиле да го вратат Деп откако тој поднесе тужба од 50 милиони долари против Амбер, со што ја докажа својата невиност, но и ја доби поддршката од многу обожаватели ширум светот.
Инаку продуцентите на „Пиратите“ сакале да му дадат отказ на Деп уште на првиот ден од снимањето оти тој „се однесувал премногу чудно“.
„Продуцентите сакаа да ме отпуштат бидејќи не го разбираа она што го правам. Студиото се плашеше дека луѓето нема да разберат што зборувам кога глумам. Но, публиката имаше сосема поинаква реакција, и еве, досега снимивме пет дела“, изјави Деп на премиерата на петтото продолжение на филмот.