Откако го обвинија за шовинизам, амеиканскиот глумец Алек Болдвин го напушти „Твитер“. Тој во прошталното видео се оправда за неговиот коментар кој го упати претходно кон неговата колешка Џилијан Андерсон, за нејзиното менување на американско-британскиот нагласок во еден од нејзините јавни настапи.
„Забележав дека некој рече дека глумицава, која нема да ја спомнувам по име, го менувала нагласокот на нејзиното шоу – од британски (што го користи во „Круната“) во американски. Јас само напишав: ’Ох, тоа е интересно’. Се разбира, не може никако да бидете иронични на „Твитер“. Не можете никако да бидете иронични во САД, затоа што тука сè e толку стегнато, стресно место сега. Толку непријатно место сега. Но, на личноста на којашто ѝ го упатив коментарот, всушност, сум ѝ огромен обожавател. Голем, огромен обожавател. Коментарот требаше да ја илустрира поентата дека наоѓам мултикултурни изрази, без оглед на јазикот, земјата, музиката, храната, облеката, уметноста. Што и да е важно во тие изрази за вас, тоа е ваша работа“, кажа Болдвин во неговото обраќање.
Сепак, глумецот смета дека на „Твитер“ „во овој миг се наоѓаат сите лоши работи во САД па и пошироко, па според него и најмалата ситница станува сочна приказна за коментирање и исмевање.