Откако Миа Калифа го поддржа Хамас, Плејбој ја прекина соработката со неа

Поранешната порно актерка Миа Калифа го поддржа Хамас во конфликтот со Израел, што ја чинеше соработката со Playboy.

Триесетгодишната Калифа долги години го критикуваше Израел и ги поддржува палестинските борци, а сега на социјалните мрежи објавува антиизраелски објави.

„Ако ја погледнете ситуацијата во Палестина и не сте на страната на Палестинците, тогаш сте на погрешната страна на апартхејдот, тоа ќе го покаже историјата со текот на времето“, рече Калифа.

„Ве молам, може ли некој да им каже на борците за слобода во Палестина да ги свртат мобилните телефони и да снимаат хоризонтално“, рече таа во објавата.

И покрај критиките кои ги доби, Миа не застана тука. Таа ја обвини Кајли Џенер дека е неинформирана за геополитиката на регионот.

Џенер му изрази поддршка на Израел, а подоцна ја избриша својата објава. Сепак, Калифа ја критикуваше членката на семејството Кардашијан.

„Ако има вистинско новинарство, следната личност што ќе разговара со Кајли Џенер ќе ја праша за мислење за геополитичките тензии на Блискиот Исток и нема да погледне настрана додека таа не состави една реченица затоа што очигледно сака да има став пред нејзините 400 милиони следбеници“, заклучи Калифа.

Покрај тоа, во неколку објави таа се исмеваше со конфликтот и изјави дека „ционистичкиот режим на апартхејдот бил соборен од герилски борци во копии на Gucci маици“. После тоа, Playboy реагираше и го затвори нејзиниот канал на својата платформа.

„Задоволство ни е да ве информираме дека решивме да ја прекинеме нашата врска со Миа, вклучително и бришење на нејзиниот канал Playboy на нашата платформа за креатори. Миа даде одвратни и осудувачки коментари славејќи ги нападите на Хамас врз Израел и убиството на невини мажи, жени и деца “, се вели во соопштението на Playboy.

Scroll to Top