Иако би си помислиле дека познатите личности се прават „трупови“ од пиење алкохол – не е со сите баш така! Многу од нив никогаш не пиеле, или престанале пред многу години, затоа што наводно, тоа им смета во работата.
Еве кои познати личности отсекогаш биле трезни, и покрај многуте настани кои ваквата здрава навика би можеле да ја пореметат.
Блејк Лајвли наводно никогаш не пробала ни капка алкохол. Како што вели, повеќе сака да ужива со својот Рајан, отколку да се пијанчи по журки.
Џенифер Лопез исто така не е фан на алкохолот затоа што, како што вели, лошо влијае на нејзиниот изглед на кожата. Кога малку подобро ќе размислиме, ова е сосема логично, бидејќи пејачката и понатаму изгледа како да е 20 години помлада!
Ким Кардашијан има проблеми со пијанчењето – не може таа да се справи со мамурлукот!
Тајра Бенкс на 12 години искусила што тоа значи да се пие, но тогаш рекла дека повеќе никогаш нема да го прави тоа.
Натали Портман исто така не пие, а тоа совршено се вклопува во нејзиниот имиџ на добра девојка.
О да, и Дејвид Бекам избегннува алкохол, а тоа ја објаснува неговата завидна форма!
Ким Катрал избегнува алкохол, затоа што, наводно, и задава преголема главоболка!
Џерард Батлер не успеа да стане адвокат поради зависноста во дваесетите па тогаш престанал да пие сваќајќи што пропуштил.