Ози Озборн ќе се пензионира со проштална турнеја

Поранешниот пејач на „Блек сабат“, Ози Озборн, објави дека в година тргнува на проштална турнеја. Шеесет и осумгодишниот Озборн планира турнејата да трае две години, а ќе настапи на неколку континенти. Турнејата ќе започне од Мексико во мај.

„Луѓето постојано ме прашуваат дали планирам да се пензионирам. И ова ќе биде мојата последна турнеја, но не велам дека и потоа нема да имам некој настап“, вели Озборн.

Тој беше еден од основачите на „Блек сабат“ во 1968 година, бендот што предизвика вистинска револуција во рок-музиката. Бендот всушност ги постави темелите на хеви-металот. Групата престана да постои во март 2017 година. Озборн има снимано девет албуми со „Блек сабат“ и уште 11 во текот на соло кариерата, а одржал повеќе од 2.500 концерти.

 

Scroll to Top