Ози Озборн се обидел да ја убие сопругата

Британскиот музичар Ози Озборн пред 30 години се обидел да ја убие неговата сопруга Шерон. Ози го признал ова во новиот документарен филм „Биографија: Деветте животи на Ози Озборн“. Тој раскажува дека не се сеќава на моментот кога се обидел да ја убие сопругата, но дека памети како се разбудил во затвор.

„Тоа не беше баш едно од моите најголеми достигнувања во животот. Се сеќавам дека се разбудив во затворот Амершам, па го прашав полицаецот: ‘Зошто сум овде?’. Тој ми рече: ‘Сакаш да ти го прочитам обвинението?’ и му кажа дека сум уапсен за обид за убиство…“, раскажал рокерот од „Блек Сабат“.

За настанот што се случил 1989 година, потоа раскажала Шерон. Таа рекла дека тоа се случило среде настап, имало голем метеж и дека Ози не бил при себе.

„Само ми рече ‘Ние одлучивме дека ти треба да умреш’. Беше смирен. Многу смирен. И одеднаш почна да ме дави. Ме легна наземи и седна врз мене“, вели Шерон. Според неа, на тој настан му претходеле неколку караници меѓу нив двајца.

Познатиот рокер и неговата жена се во брак 38 години. Имаат две деца.

Scroll to Top