Палатата објави на што работи Кејт Мидлтон додека не е во јавноста

Палатата Кенсингтон објави на што работи Кејт Мидлтон додека не е во јавноста.

Имено, таа преку нејзината Кралска фондација за рано детство работи на дизајнирање на посебен систем за следење на социјалниот и емоционалниот развој на малите деца.

Од палатата наведоа и дека досегашните резултати биле исклучително позитивни. Кејт дошла на идеја да го направи ова откако видела дека сличен систем за поддршка на деца постои и во Данска.

„Принцезата е информирана за секој чекор од овој процес“, додаваат тие.

За потсетување, вработени во една клиника во Лондон се под истрага поради обиди да пристапат до нејзините медицински досиеја. Извршниот директор на клиниката Ал Расел рече дека ќе бидат преземени сите соодветни истражни, регулаторни и дисциплински чекори.

Кејт Мидлтон не присуствуваше на ниту еден јавен настан од Божиќ. Пред неколку дена се појавија наводни нови нејзини фотографии направени во продавница. Но, многу луѓе мислат дека се фотошопирани.

Scroll to Top