Поранешната плејбој зајчица Памела Андерсон објави пост на својот Твитер налог, на кој ги помеша земјите Индија и Хрватска. Памела прво напиша дека милион луѓе се евакуираат во Хрватска поради климатските промени.
„Мојот пријател гледа вести во Хрватска. Милиони луѓе се евакуирани поради климатските промени“, стои во објавата на актерката Памела Андерсон (51) на „Твитер“.
Овој бизарен твит покрена низа на прашања и коментари кај нејзините фанови, а Памела веднаш потоа се исправила и во новата објава додала дека всушност мислела на Индија, а не на Хрватска.
Памела Андерсто во последните години е политички ангажирана и на социјалните мрежи се почесто ги коментира медиумите, политиките на американскиот претседател Доналд Трамп и заговорите кои се водат против нејзиниот близок пријател и основач на „Викиликс“, Жулијан Асанж.
Андерсон овој пат го коментирала силниот циклон кој го погодил источниот брег на Индија, од каде биле евакуирани повеќе од милион луѓе. Најмалку осумина во невремето загинале, а во евакуацијата биле спасени повеќе од илјада луѓе.
Памела најмногу е позната по улогата Baywatch. Таа неодамна се смири со нејзиниот поранешен партнер, фудбалерот Адил Рами (33). По бурниот прекин кој се случил минатата година, Андерсон одлучила да му даде втора шанса, пишува „Дејли Мејл“. Како причина за прекинот медиумите навеле дека била различната желба за брак.
Пријатели на Памела пак тврдат дека, Рами се обидел да ја тргне неговата партнерка од некои од неговите членови од семејството и пријатели.