Поранешната плејбој-зајчица Памела Андерсон ја прекина едногодишната врска со францускиот фудбалер Адил Рами за тој да има повеќе време за своите синови. Андерсон изминатата година се пресели во Франција и постојано беше во ВИП-ложата на „Олимпик Марсеј“ за да го бодри својот партнер. Таа беше и на неколку натпревари на Франција за време на Светското првенство во фудбал.
Иако американските и француските таблоиди пишуваа дека двојката ќе се венча, пријател на фудбалерот за „Ти-ем-зи“ потврдил дека тие веќе не се заедно.
„Тој ја побара за жена, но Памела го одби. Му рекла дека заради тоа што го поминува целото време со неа, не им посветува внимание на децата од првиот брак и дека еден ден ќе жали за тоа“, рекол пријателот на Рами за таблоидот.
Тој додал дека Памела си заминала од Франција и дека се вратила во својот дом во Лос Анџелес.