Памела Андерсон сними документарец за шесте пропаднати брака

Актерката Памела Андерсон сними документарен филм за нејзиниот приватен живот и за шесте пропаднати брака. Документарецот треба да излезе на 31 -ви јануари и ќе се емитува на платформата Нетфликс со наслов „Памела, а лав стори“.

Во документарецот  има искрени признанија за нејзините шест неуспешни бракови, а ќе го продуцираат нејзините синови Брендон и Дилан Ли, кои ги има со Томи Ли. Токму тие ја убедија да ја сподели својата приказна.

„Споделувањето на мојата приказна е пред сè возбудлива. Моите деца продуцираат документарен филм за Нетфликс и мемоарите се навистина терапевтски. Го напишав минатата година, а исто така ја пишувам и мојата биографија“, изјавила актерката.

Документарецот пристигнува како одговор на серијата Пам енд Томи, која го прикажува животот на Пем со акцент на украдената секс снимка на која се гледа со нејзиниот тогашен партнер Томи. Со новиот документарец и книга, Андерсон сака да им го покаже на луѓето сопствениот живот од нејзина перспектива.

Scroll to Top