Глумицата и поранешната плејбој-зајчица Памела Андерсон со својот сопруг, филмскиот продуцент Џон Петерсон, заминаа на меден месец, пишува „Метро“. Двојката тајно се венчаше во Малибу, а Памела на социјалните мрежи објави и нивна заедничка фотографија од осумдесеттите години.
Таа напиша дека планира и официјално да го промени своето презиме.
„Насекаде има прекрасни девојки. Можев да бирам, но веќе 35 години ја сакав само Памела. Таа ме инспирираше. Ќе направам сè за да ја заштитам и ќе се однесувам кон неа како што заслужува“, изјавил Џон за „Холивуд репортер“.
Синот на Памела, Брендон Томас Ли, призна дека е среќен поради новиот брак на неговата мајка.
„Тие се познаваат повеќе од 35 години и сакам да им ја посакам целата среќа во животот. Ги поддржувам и возбуден сум што ќе го запознаам остатокот на семејството на Џон“, изјавил Брендон.
Памела досега се има четири пати омажено. Прво со рокерот Томи Ли и Кид Рок, а потоа со покер-играчот Рик Сакамон, се венчаваше и разведуваше двапати.
Последната врска на Памела беше со францускиот фудбалер Адил Рами, со кого се раздели, а во јавноста изјави дека се однесувал насилно кон неа и го опишала како манипулатор.