Во интервјуто за документарниот филм Diana, 7 Days, принцот Хари откри дека ги обвинува папараците за смртта на неговата мајка, принцезата Дајана. Додека таа умирала, тие ја фотографирале на задното седиште на автомобилот во тунелот во Париз. Оваа е првпат британскиот принц јавно да раскаже што мисли за нејзината смрт и за вклученоста на папараците што ја следеа.
„Една од најтешките работи со кои требаше да се носам беше фактот дека луѓето што ја пикнаа во тој тунел беа истите луѓе кои ја фотографираа додека умираше на задното седиште на автомобилот. Тие се виновни“, вели Хари во документарецот.
„Јас и Вилијам го знаеме тоа, повеќе пати ни го кажале тоа луѓе кои го знаат тоа. Имала тешка повреда на главата, но била уште жива на задното седиште. Луѓето кои ја предизвикаа несреќата, наместо да ѝ помогнат, продолжиле да ја фотографираат како умира. И потоа тие фотографии стигнаа до редакциите ширум земјата“, додал Хари.
Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година, откако автомобилот со кој се возеше, а кој го бркаа папараци, удри во ѕид во тунелот „Понте де Алма“ во Париз. По истрагата во 2008 година беше утврдено дека за несреќата се виновни невнимателното возење на шоферот, кој пиел алкохол, и папараците. Никој не беше осуден. Шоферот Анри Пол и сопатникот на Дијана, Доди Фајед, исто така загинаа во несреќата. Нејзиниот телохранител Тревор Рис-Џонс беше повреден, но преживеа.