Парис Хилтон си го изгуби кучето па ангажира детектив за миленици да го најде

Парис Хилтон го изгуби својот миленик, кучето Дајмонд Бејби, па ангажираше детектив за миленици да го најде. Понуди ѝ голема награда за оној кој ќе обезбеди каква било информација да ѝ го врати.

Веста ја објави во понеделникот на „Инстаграм“ ѝ напиша дека чивавата најверојатно побегнала кога еден од работниците кој помогнал за да ја сели, ја оставил вратата отворена.

„Немам зборови колку ми е тешко без него. Дајмонд Бејби го нема уште од минатата среда. Моето семејство и пријатели помогнаа и го пребаравме целото соседство. Одевме од врата до врата, но уште не го најдовме. Ангажиравме и детектив за домашни миленици. Го баравме и со дронови. Правам сè што е во моја моќ да го вратам“, рече Хилтон.

За милениците Хилтон користи посебен профил на социјалните мрежи. Призна дека е депресивна и дека сега ги разбира сите оние кои изгубиле миленици.

„Чувствувам како да недостига дел од мене. Ништо не е исто без него. Ми беше сè. Ми беше како ќерка. Бевме неразделени. Ми беше најдобрата пријателка и секогаш беше со мене“, рече Хилтон, која објасни дека ѝ било страв да објави дека го загубила кучето, затоа што луѓето знаат да бидат злобни. Сега е очајна и вели дека сака само да ја најде.

Објави и мејл на кој луѓето можат да ѝ испратат информации.

„Има голема награда за оние кои ќе ја вратат, без никакви прашања“, рече таа.

Пријателите и напишаа дека им е жал и се надеваат дека наскоро ќе го најде својот миленик.

Scroll to Top