Павароти ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните 15 години по смртта

Италијанскиот тенор Лучано Павароти ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, и тоа 15 години по смртта од рак на панкреасот.

Ѕвездата на Павароти ќе биде 2.730. ѕвезда на овој познат холивудски булевар, а на настанот ќе говори американскиот диригент Џејмс Конлон. Во име на семејството на церемонијата ќе присуствува Кристина Павароти, една од трите ќерки на пејачот од првиот брак.

Павароти, роден во Модена 1935 година, се смета за еден од најважните тенори на 20 век, а настапувал во сите поголеми оперски куќи во светот. Светска слава стекна и со изведбите на „Тројцата тенори“ со Пласидо Доминго и Хозе Карерас. Тој беше познат и по своите хуманитарни концерти наречени „Павароти и пријателите“, каде што пееше дуети со светски рок и поп-ѕвезди.

Павароти почина на 6 септември 2007 година на 71 година.

Scroll to Top