Пејачката Шер најмила луѓе да го киднапираат син ѝ

Пејачката Шер е обвинета за киднапирање на синот. Таа е обвинета дека во 2022 година најмила луѓе со цел да го спаси затоа што бил зависен од хероин и не сакал да оди на рехабилитација. Во шестте месеци што ги поминал во хотел, речиси постојано бил под дејство на дрога.

Наводно, вработените биле загрижени и честопати пробувале да стапат во контакт со Шер за да ја известат за неговата состојба.

„Скоро секое утро и попладне Илајџа беше пред хотелот, или седеше на тротоар или се навалуваше на ѕидот. Пушеше цигара и додека да ја завршеше, изгледаше како да изгубил свест. Секогаш изгледаше како да е под некакво дејство. Беше неуреден, изгледаше како бездомник кој живее на улиците“, рече еден од нив.

Во септември 2022-ра, околу два месеца пред киднапирањето, Шер најмила личност која ќе внимава на на него додека е во хотелот.

„Мажот што го најми Шер само седеше покрај влезот и гледаше каде ќе оди и што ќе прави“, додаде вработениот.

Пејачката има лош однос со син ѝ и со неговата поранешна сопруга Мерианџела. Наводно, кога се венчале не го одобрила нивниот брак и одбила да им честита. Кога Илајџа имал осум години, го испратила на училиште далеку од дома, а се случувало со години да не зборува со него.

Илајџа во 2014-та откри дека почнал да користи дрога уште во детството.

„Почнав да користам дрога околу 11-годишна возрат. Тоа беше нешто што го правеа сите“ рече тој.

На почетокот користел марихуана и екстази, пред да почне да користи дрога како хероин.

„Само барав начин да избегам од моето минато. Тоа се моментите кога посегнувате по такви дроги, како хероин и опијати“, додаде тој.

Рече дека имало моменти кога речиси умрел од прекумерно користење дрога. Засега Шер се нема огласено за киднапирањето на синот.

Scroll to Top