Пејачот Крис Риа падна итно пренесен во болница

Пејачот Крис Ра изненадувачки паднал на сцената поради големите болки кои ги здобил во градите. Тој почнал да се тресе во текот на изведувањето на „Driving home for Christmas“, па итно бил префрлен во болница.

Крис има 66 години, а минатата година доживеал мозочен удар. Се бори со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи го и воспалението на стомачните мускули, рак на панкреасот и дијабетис. Тој вбризгува инсулин седум пати дневно, пишува „Дејли Мејл“.

Сведокот изјави дека музичарот бил на сцената 40 до 45 минути пред да падне.

„Стоел покрај микрофонот и имал гитара во раката. Постојано мрдал со левата рака, како да нешто не е во ред со него. Тргнал кон микрофонот и се обидел да го земе со левата рака. Потоа се вратил три или четири чекори наназад и само паднал на сцената. Никој не го фатил. Две минути лежел, а потоа се спуштила завесата“, вели сведокот.

 

 

„Изгледа добро. Ја смени гитарата, и играше најдобро до сега“, додаде сведокот.

Публиката се шокираше поради целата ситуација. Организаторите побараа од публиката да си заминат.

Слушнете ја прочуената песна на Крис Рија „Drivin home for Chrismas“:

 

Scroll to Top