Англискиот пејач и член на групата „Вонтед“, 32-годишниот Том Паркер, откри дека му е дијагностициран тумор на мозокот, кој не може да се оперира и отстрани, но вели дека ќе се бори до крај. Тој на „Инстаграм“ напиша дека веќе почнал со терапија, но дека прогнозите на лекарите не се добри.
„Знаев дека нешто не е во ред, но не го очекував ова. Сите сме апсолутно скршени, но ќе се бориме против ова до крај“ напиша печајот на фотографијата, на која позира со синот и бремената сопруга.
„Не ја сакаме вашата тага, туку само љубов и позитивност и заедно ќе ја подигнеме свеста за оваа страшна болест и ќе ги побараме сите достапни можности за лекување. Ќе биде тешка битка, но со сечија љубов и поддршка ќе го победиме ова“, напиша.
Тој додаде и дека лицата со тумор на мозокот во таа фаза може да живеат уште една-една и пол година. Причината за појавата на оваа болест е непозната.