Пеле итно пренесен во болница

Бразилската фудбалска легенда, Пеле, бил итно пренесен во болница откако колабирал поради замор. За 77-годишниот Пеле овој викенд во Лодон Асоцијацијата на спортски новинари организира вечера во негова чест организирана, но тој мораше да го откаже своето присуство.

„Над Пеле се направени неколку тестови кои покажуваа сериозен замор“, велат лекарите и додаваат дека не станува збор за посериозно заболување. Изминативе години Пеле беше лекуван од проблеми со бубрезите и со простатата.

Во својата кариера Пеле освои три Светски првенства во фудбал, има 1363 настапи на кои има постигнато 1281 гол.

Scroll to Top