Пеле се прости од Марадона: Еден ден на небото заедно ќе шутираме топка

By

Бразилската фудбалска легенда Пеле се прости со својот стар пријател Диего Марадона велејќи дека е жално да се загуби пријател на ваков начин.

Марадона почина во средата од срцев напад на само 60 години по што аргентинскиот претседател Алберто Фернандез прогласи три дена национална жалост во земјата.

„Сигурно еден ден ќе шутираме топка заедно на небото горе“, се вели во кратката објава на Пеле дадена до „Ројтерс“.

Иако во текот на годините ги разделуваше генерациски јаз, како и национален јаз во лутото јужноамериканско ривалство Аргентина – Бразил, двајцата фудбалери подоцна во животот си праќаа пријателски пораки еден на друг.

Ќе ви се допадне