Пенелопе Круз со лаги добивала улоги

Пенелопе Круз ги добивала улогите лажејќи ги режисерите, дека е постара од годините што тогаш ги имала, открила актерката.

„Не се плашам од стареењето. Имам многу работи во животот на кои можам да се радувам“, истакнала актерката Пенелопе Круз која во прегратката на својот сопруг и колега Хавиер Бардем (49) ќе го прослави својот 44-ти роденден.

Пенелопе вели дека тие денови сака да ги помине со семејството, синот Лео (7) и ќерката Луна (4), како и со сестрите, браќата и родителите.

„Нема ништо поубаво од начинот на кој моите деца ме гледаат“, рекла актерката.

Пенелопе истакнала дека во иднина нема да одговара на таквите работи, а дека ја восхитува таа холивудска опседнатост со младоста и годините на жените.

– На почетокот на кариерата лажев за своите години така што во еден момент ни самата не знаев колку имам години. Но, тогаш сакав да делувам постаро – рекла Пенелопе.

Оскаровката неодмна го сними четвртиот филм со сопругот, а втор во кој играат двојка. Станува збор за психолошкиот трилер „Сите знаат“ во кој сопружниците ги толкуваат главните улоги и со нив ќе биде отворен овогодинашниот Филмски фестивал во Кан.

Scroll to Top