Пенелопе Круз заштитно лице на Шанел

Пенелопе Круз стана бренд-амбасадор на Шанел. Беше објавено дека таа е главната ѕвезда од рекламните фотографии за колекцијата 2019.

„Тоа е толку иконски бренд и Карл е гениј и му се восхитувам за сè што има направено уште откога бев девојче, па огромно е задоволството да работам со него. Тој е како крал на модата и имавме навистина, навистина интересно снимање на фотосесија, па тоа што бев пред неговиот фотоапарат е авантура“ – изјавила Круз.

Пенелопе Круз низ годините има изградено силни партнерства со повеќе брендови. Најактуелните нејзини соработки се со „Сваровски“ и „Шанел“.

44-годишната актерка неодамна присуствуваше на настан по повод лансирањето на нејзината колекција накит со сваровски во Париз. На свеченоста таа изгледаше префинето во црн фустан од колекцијата есен/зима 2018 на „Шанел“.

Scroll to Top