Пепелта на Лук Пери расфрлана во фармата која ја купи кога беше Дилан

Актерот Лук Пери (52), кој почина на 4 март од мозочен удар, е кремиран, а неговата пепел е расфрлана на местото што најмногу го сакал – фармата во Тенеси.

Како што открива извор од неговото семејство, неговата желба била да биде кремиран и пепелта да биде расфрлана во Ванлир, местото каде што Лук имал 380 хектари земјиште, а го купил во текот на 1990-тите, кога беше познат по улогата на Дилан од серијата “Беверли Хилс“. Секој слободен момент во изминатите 20 години Лук го поминувал на својот имот.

 

Scroll to Top