Новата песна на Шакира во која го исмеа бившиот ги влоши односите меѓу Пике и новата девојка Клара. Пејачката минатата недела ја издаде BZRP Music Sessions #53 во која му порача дека заменил „Ферари“ со „Твинго“ и „Ролекс“ со „Касио“, а откри и дека аферата ја открила со тегла џем.
Сега фановите мислат дека песната направила притисок во врската на Пике и Клара.
„Нема шанса да останат заедно. Осудени се на пропаст. Сите слушнаа и знаат што направи Шакира и тоа ќе ги прогонува вечно. Само прашање на време е кога ќе си признаат дека е готово“, коментираат тие.
Новинарката Лорена Васкез која следи сè околу Шакира, за разлика од другите не смета дека ќе имаат проблеми и рече дека засега двајцата не се загрижени за тоа што се случува околу нив и дека се среќни.
„Се бакнуваат, се гушкаат во јавност и така покажуваат дека врската им е посилна од ден во ден“, рече Васкез, а пренесе шпанска „Марка“.
За потсетување, песната се најде на врвот на голем број музички листи.