Пет луѓе дадоа отказ поради заканите на Том Круз

Пет лица кои работеа на филмот „Невозможна мисија 7“ дадоа отказ од работа, откако во јавноста излезе аудиоснимката во која актерот Том Круз им се закани со отказ, ако уште еднаш ги види да не ги почитуваат мерките за заштита против коронавирусот.

Додека главната ѕвезда им викаше на дел од вработените, некој од нив тајно го снимил. Подоцна британскиот таблоид „Сан“ ја објави снимката.

Scroll to Top