Џорџина Родригез е повторно бремена, пишуваат светските медиуми. Таа присуствуваше на Модната недела на Гран Канарија, облечена во тесно зелено здолниште, кое и го откри заоблениот стомак.
Гласините повторно почнаа да се шират за втората бременост на Џорџина, откако седеше во првиот ред, суптилно прикривајќи го стомачето.
Иако пред само 7 месеци го роди своето прво дете, ќеркичката Алана Мартина, изгледа на пат е второто за Џорџина, и ова ќе биде петтото дете за Роналдо.