Пике ја однесе новата девојка на романтична вечера во јапонски ресторан набргу по разводот од Шакира

Фудбалерот Жерар Пике фотографиран е како се држи за рака и си разменуваат нежности со неговата нова девојка Чиа Марти, само неколку дека откако официјално се разведе од Шакира.

Инаку Чиа Марти е студентка која работи за неговата компанија.

Фудбалерот и неговата нова девојка, фотографирани се пред јапонски ресторан во неговата родна Шпанија.

Да потсетиме дека во јуни оваа година Жерар Пике и неговата долгогодишна партнерка, поп ѕвездата Шакира потврдија дека се разделуваат. Разделбата исто така беше законски финализирана и на Шакира и беше дозволено да ги земе децата да живеат со неа во Мајами. Според договорот, Пике може да ги гледа децата 10 дена во месецот,  а децата не можат да го напуштат Мајами во текот на учебната година.

Scroll to Top