Пике сака да ѝ се врати на Шакира: Сега ѝ се смеам на твојата девојка

Шакира и колумбиската пејачка Керол Џи имаат нова песна, TQG, во која пеат за пропаднатите врски. Песната, која е дел од новиот албум на Керол, Mañana Será Bonito, има повеќе од три милиони прегледи на Јутјуб во првите 4 часа откако е објавена. Во неа, пејачки зборуваат за мажите кои ги повредиле – Керол Џи за врската со раперот Ануел АА со кој се раздели во 2021 година, а Шакира за Пике со кого раскина по 12 години врска.

„Ме повреди кога те видов со новата, но јас сум веќе подготвена за моето. Заборавив што проживеавме и тоа е она што те навреди. Дури и животот ми се подобри, се колнам дека повеќе не си добредојден. А она што твојата девојка ми го приреди, тоа не ме лути, јас се смеам“, пее Шакира во песната.

Таа во еден дел вели и дека Пике пробал да ѝ се врати, ама дека го преболела: „А сега сакаш да се вратиш, веќе го претпоставив тоа по лајковите на моите фотографии“.

Керол Џи претходно за магазинот „Ролинг стоун“ рекла дека песната ја напишала лани во текот на своето емотивно патување.

„Кога ја напишав, за мене тоа имаше лично значење кое еволуираше со текот на времето и иако не претставува моментална состојба, тоа беше посебен момент во мојот живот“, рекла пејачката и додала дека е пресреќна што Шакира прифатила да ја испеат песната заедно.

Scroll to Top