Џерард Пике бил виден кај Шакира дома, првпат откако се разделија. Двајцата сè уште се борат околу старателството за децата. Фудбалерот пристигна со „поршето“, а му требаше време за да се пробие меѓу новинарите кои стоеја пред куќата. Дојде да ги земе децата и се задржа десетина минути.
Не дал никакви коментари, а посетата била само за да ги земе децата, пренесоа медиумите. Ова е првпат да биде виден кај неа дома, откако пејачката го исфрли поради неверство.
За потсетување, Шакира неодамна објави и спот од новата песна Monotonia во која сликовито го опиша процесот на заздравување на скршено срце по прекин на врската.
На почетокот на видеото Шакира е расплакана и застрелана во градите со базука ѝ го бара срцето на подот. Пејачка го прикажува остатокот од видеото со дупка во градите и раскрвавено срце во раката.
Иако на почетокот пее дека некои работи се неизбежни и дека никој не е виновен, подоцна го прозва бившиот пеејќи дека бил себичен ѝ дека ја зел здраво за готово. Во една сцените се гледа машка нога како го гази нејзиното срце.
Многу од обожавателите мислат дека ова е метафора за тоа што ѝ го направи Пике. Видеото на YouTube за само шест дена и има над 60 милиони прегледи.