Пике во врска со 12 години помлада студентка

Фудбалерот на Барселона и бившиот партнер на Шакира, Џерард Пике е во врска со 12 години помлада студентка, пренесоа светските медиуми. Дваесет и три годишната Клара Киом Марти  наводно и работела за него во секотрот за односи со јавност.

Засега не е познато дали нивната врска почнала пред или по раскинувањето со Шакира.

„Џерард и Клара се гледаат со месеци. Молчеа за врската, но сите околу нив знаеја што се случува“, рече извор близок до фудбалерот за британски „Сан“.

Клара студира односи со јавност и е вработена во неговата продуцентска куќа „Космос“. Двајцата наводно се запознале на спортски настан организиран од оваа куќа.

„Пријателите им помогнаа да ја сокријат врската и да остане во тајност. Ги избришаа сите профили на социјалните мрежи на Клара, за да никој не може да украде нејзина фотографија“, рече извор близок до Клара.

„Само поради тоа, пријателите на Пике мислат дека тој е сериозен во врска со неа“, додаде тој.

За потсетување, веста за раскинувањето на Шакира и Пике беше објавена во јуни откако го фати во кревет со друга жена. Заедно ги имаат синовите Милан и Саша, за кои се борат за старателството.

Неодамна постигнаа привремен договор, па сега синовите половина месец го минуваат со мајка им, а другата половина со татко им.

Scroll to Top