Писателка ја изненади јавноста: Пред пет месеци му родив дете на Илон Маск

Колумнистката и писателка Ешли Клер тврди дека пред пет месеци родила дете на Илон Маск. Таа на социјалната мрежа „Икс“ ја сподели информацијата со јавноста.

„Не сакав да ги откријам овие информации за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето дете, но во последните денови стана јасно дека медиумите планираат да го сторат тоа, без разлика на штетата што ќе ја предизвикаат“, напиша 26-годишната Американка.

„Имам намера да му дозволам на нашето дете да расте во нормална и безбедна средина. Поради оваа причина, барам од медиумите да ја почитуваат приватноста на нашето дете и да се воздржат од инвазивни известувања“, додаде таа.

Илон Маск се уште не ги коментирал нејзините изјави.

За потсетување, Маск е веќе татко на 11 деца.

Scroll to Top