Пит и Ди Каприо не сакале да глумат геј пар во „Планината Брокбек“

Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Мет Дејмон и Рајан Филипе одбиле да глумат во култниот филм „Планината Брокбек“, пишува „Е онлајн“. Тоа била причината режисерот Гас Ван Сант да им ги понуди улогите на речиси непознати глумци, па главните улоги ги прифатиле Џејк Џиленхал и Хит Леџер. Пред почетокот на снимањето и Ван Сант бил тргнат од проектот, па култниот филм го режираше Анг Ли, кој доби и Оскар.

Драмата за каубојскиот геј пар иако предизвика контроверзии во целиот свет, беше почеток на кариерите на двајцата глумци, доби осум номинации за Оскар и освои три Оскари.

Сцена од „Планината Брокбек“

„Никој не сакаше да го работи тој филм. Јас го прифатив тоа и сакав вистински големи ѕвезди во главните улоги. Тоа не одеше. Ги прашав сите што се вообичаено прв избор, Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Мет Дејмон, Рајан Филипе и сите ме одбија“, рекол во едно скорешно интервју Ван Сант, кој додал дека филмот ќе изгледал сосема поинаку со нив.

Пит и Де Каприо во моментов работат на својот прв заеднички филм.

 

Scroll to Top