Плетени капи и тантела: Модната ревија на Стела Макартни

Колекција пролет-лето 2020!

Последниот ден од париската модна недела беше сончев и топол – што супер се вклопи во колекцијата на Стела Макартни.

Дизајнерката претстави повеќе од триесет стајлинзи кои вклучуваат и „работни“ одела со закрпувања и џепови, лежерни фустани во спортски стил, маички со пуф ракави, излбелениот тексас и апсолутно проѕирните чипкасти топови преку кои ќе се носеа машки јакни.

Тренд

Лежерни силуети, нагласок на струкот, широки рамена, нијанси на зелена и сина.

Детали

Плетени капи, ткаени обетки и торби, сандали со долги врвки.

Иако поминаа речиси 10 дена од париската модна недела, „Репортер“ со задоволство ви ја претставува колекцијата која ќе ве остави без здив.

Scroll to Top