По 11 години љубов се разделија Шакира и Пике. Веста ја потврдија и двајцата со официјално соопштение.
„Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, ве молиме почитувајте ја нивната приватност“, гласи заедничката изјава на 45-годишната пејачка и 35-годишниот фудбалер.
Изминативе неколку денови повеќе шпански медиуми споделија дека Шакира и Пике повеќе не се заедно, наводно поради неверство на фудбалерот. Сега тие ја потврдија веста за разделбата, но не открија која е причината.
Шпанскиот медиум „Ел Периодико“ тврди дека тие живеат одвоено веќе неколку недели откако пејачката го избркала фудбалерот од дома.
Во 2017 година, имаше гласини дека парот ставил крај на врската, но тогаш се покажаа како лажни.
Шакира и Пике се запознаа во 2010-та за време на снимањето на спотот за песната Waka Waka. Официјално ја потврдија врската следната година. Во 2012. објавија го очекуваат првото дете – синот Милан, а во 2015-та го добија и второто – синот Саша.Двојката никогаш не се венчаа.