По 16 години љубовна врска раскинаа актерката Хелен Хант и продуцентот и режисер Метју Карнахан. Иако претходно двојката неколкупати ја прекинуваше врската и повторно се смируваше, се вели дека овој пат разделбата била конечна.
„Хелен неколку месеци живееше одвоено од Метју. Имаа врска со многу подеми и падови. Останаа заедно колку што можеа подолго поради ќерката, изјави извор близок до двојката за списанието „Е“!
Хант (54) и Карнахан (56) се заедно од 2001 година и имаат 13-годишна ќерка. Карнахан има и 20-годишен син од претходната врска.