По 17 години брак, се разведуваат Франческо Тоти и Илари Бласи

Некогашниот капитен на Рома, Франческо Тоти и официјално се разведува од неговата сопруга Илари Бласи со која беше 17 години во брак, пренесоа италијанските медиуми. Деталите ќе ги објават денеска по 19 часот преку заедничко соопштение.

Шпекулациите дека ќе се разведат се ширеа со месеци, а почнаа кога Илари не се појави на неговиот роденден во септември 2021 година. Недолго потоа ги отстранија и сите заеднички фотографии од социјалните мрежи.

Се шпекулираше дека причината за разводот е неговото неверство кое Тоти никогаш ниту го потврди ниту го демантираше.

„Во последните неколку часа прочитав толку многу работи за себе, особено за моето семејство. Не е првпат да слушнам лажни вести. Им се обраќам на сите вас кои сето ова го пишувате да бидете внимателни затоа што во прашање се децата кои треба да ги почитуваме. Искрено навистина сум уморен да зборувам за тоа“, рече Тоти.

Се шпекулираше и за вонбрачната врска на Илари со Лука Маринели, добитникот на наградата Давид ди Доналтело. Истовремено се поврзшуваше Тоти со Ноеми Бочи.

Тоти и Бласи беа заедно 20 години, а се венчаа во Рим 2005 година. Илари и Франческо имаат три деца: Кристијан, Шанел и Изабел.

 

Scroll to Top