По 20 години, Аврил Лавињ проговори за теоријата на заговор дека ангажирала двојничка: „Тоа ми е многу глупаво“

Аврил Лавињ неодамна зборуваше за митот кој ја следи со години, а се работи за тоа дека на врвот на кариерата решила да ангажира двојничка по име Мелиса.

Во средината на 2003 година се појавија шпекулации дека панкерката решила да ја ангажира „Мелиса“ по албумот „Let Go“ и од оваа гледна точка и е смешно.

„Мислам, едноставно ми е смешно. Од една страна, некои велат: „О Боже, изгледаш потполно исто. Не си остарела ни ден“, а потоа другите луѓе велат дека постои теорија на заговор дека тоа не сум јас“, рече Аврил, додавајќи дека тоа е глупост.

Сепак, таа не сакаше да прави драма за ова, а на се гледаше од попозитивна страна.

„Искрено, не е толку лошо. Можеше да биде и полошо, нели? Мислам дека добив добра реклама. Не го гледам како нешто негативно. Не е ништо страшно“, рече таа во подкастот „Call Her Daddy“.

Оваа бизарна теорија се појавила на почетокот на овој век, а причината била наведена дека Аврил била исцрпена поради славата и популарноста. Некои отидоа и чекор подалеку и мислат дека пејачката починала меѓу албумите „Let Go“ од 2002 година и „Under My Skin“ од 2004 година, а потоа ја замениле со Мелиса.

Теоретичарите на заговор повторно ја започнаа оваа тема пред неколку години на Твитер во тоа време (сега X), и сакаа да ја поддржат оваа тема со докази засновани на промената во нејзиниот изглед низ годините, како и тетоважа која изгледаше како да пишува Мелиса.

Scroll to Top