По 30 години цензурирана е песна на „Ганс енд Роузес“

Заедно со реиздавањето на легендарниот албум од 1987 година Appetite for Destruction на американскиот хардрок-бенд „Ганс енд Роузес“, ќе оди и EP Lies од 1988 година. Сепак, на EP Lies нема да се најде контроверзната нумера One in a Milion, пренесува „Гардијан“. Веднаш по издавањето, песната наиде на критики на јавноста поради неколку спорни стихови.

„Имигранти и пе*ери, тие за мене немаат смисла, доаѓаат во нашата земја и мислат дека може да прават што сакаат, да основаат некој мини Иран или да рашират некоја болест, зборуваат на толку проклети начини, тоа сето мене ми е грчки“, се вели во спорните стихови.

На сето ова реагираше и Акс Роуз.

„Ме нервира кога луѓето ми забрануваат што смеам, а што не смеам да кажам – зошто црните луѓе смеат да го користат тој збор, а јас не смеам- се бранеше пејачот во 1988 година, наведувајќи дека сакал да навреди одредени црни луѓе кои сакале да го ограбат, а не сите афроамериканци.

По прашањето на хомофобијата, Роуз тогаш рече дека нема ништо против хомосексуалците кои не ги наметнуваат своите инклинации на другите, а дека своевремено бил жртва на обид за силување.

Елтон Џон, легендарен текстописец и деклариран хомосексуалец, кој со Роуз настапуваше на концертот во чест на починатиот Фреди Меркјури, во 2017 година во интервју за „Ролинг Стоун“ ќе рече:

„Ниту за милион години не би помислил дека Акс Роуз е хомофоб. Ќе се борам за секого што е лошо разбран од страна на идиотите“, рече Елтон Џон.

Scroll to Top