По 6 години Ријана ќе објави две нови песни

Ријана се враќа на музичката сцена и наскоро ќе објави две нови песни. Пејачката снима и филм, станува збор за Black Panther: Wakanda Forever во режија на Рајан Куглер, кој ќе се прикажува во кината во САД следниот месец, пренесува Hits Daily Double.

Последниот албум Ријана го издаде во 2016 година, а потоа се посвети на сопствениот бизнис за шминка и долна облека.

На крајот на минатиот месец НФЛ објави дека Ријана ќе настапи на полувремето на Супербоул во 2023 година. За потсетување, раперот АСАП Роки и Ријана во мај станаа родители на момче, чие име сè уште го немаат откриено.

Scroll to Top