Француската дизајнерка Ан Деноушател (53), која беше измамена од тројца Нигеријци што се претставувале како Бред Пит, сега ја раскажа целата приказна во книга со наслов „Je ne serai plus une proie“ („Нема повеќе да бидам плен“).
Таа откри дека месеци разменувала љубовни пораки и дури добила понуда за брак од „Пит“, кој ѝ зборувал за наводни проблеми со алкохол, разводот од Анџелина Џоли и осаменоста. Со време, целосно се одвоила од реалноста и во текот на 14 месеци им префрлила над 800.000 евра.
Иако останала без пари, вели дека има еден „плус“ – токму оваа измама ја натерала да се разведе од својот „манипулативен милионер сопруг“, што за неа било ослободување.
Повеќе на линкот.