По четири години Бијонсе се враќа со нов албум

Бијонсе се подготвува да се врати со нејзиниот седми соло албум, прв по шест години. Нејзиниот тим бараше места во Велика Британија за таа да изведува специјални свирки за да ја промовира новата музика. Неименуван извор за Пипл вели дека новиот албум на Бијонсе е подготвен, повеќето од песните ги напишала таа за време на пандемијата кога ѝ недостасувале обожавателите и настапите.

Најавената кампања за новиот албум на Бијонсе ќе биде една од нејзините најинтерактивни досега бидејќи сака да допре до фановите. Бијонсе ќе се фокусира на искуства во живо надвор од турнеите, вклучувајќи интимни шоуа и поп-ап настапи. Таа планира да потроши многу време настапувајќи и промовирајќи го албумот во Велика Британија, па ќе има уникатни изненадувања за британските фанови.

Во декември извршниот директор на нејзината издавачка куќа Sony потврди дека албумот ќе биде објавен во 2022 година.




		
		
			
Scroll to Top